Skip to main content

МСУ водич со Бојана Јанева, Филмска програма и Матине со диџеј сет на Инд Ог

Во Музејот на современа уметност во Скопје, денес од 12 часот, ќе имате можност да присуствувате на МСУ водич, Матине дружење со диџеј сет и ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ – филмска програма.

12:00ч. Со кустосот водич Бојана Јанева ќе можете да ги погледнете двете новоотворени изложби:

ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ . И светот се пресоздава од тоа што го заборава.”
Изложба на дела од колекцијата на Музеј на современата уметност – Скопје и дела од современи уметници.

МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА – ,,ВОЈНА НА СЕТИЛАТА/ВОЈНА ВРЗ СЕТИЛАТА“
Уметници: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа и во соработка со Метју Фулет

13:00ч. МАТИНЕ со диџеј сет

16:00ч ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ – Филмска Програма во рамките на изложбата ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: и светот се пресоздава од тоа што го заборава.

Мариа Христофориду, ΜΑΛΘΑ: Трипати изгорените архиви со неверодостојни пророштва (2021), 15’. Архивата ΜΑΛΘΑ е видео-есеј што ја вклучува културната меморија и шпекулира со неа, создавајќи привремени вистини и нудејќи нови митови што вклучуваат општествени и јазични вмрежувања.

Диего Крукс и Џијан Спина: Калабусо и уништувањето кога ќе умрам/рид [morro], 19’ Есеј-филм кој тргнува од првиот јавен простор во Латинска Америка (Passeio Público), анализирајќи како зборот/местото Калабусо (зандана) се нормализира во урбаното ткиво на градот со намера да се задржи дел од населението надвор од одредени области.

Поврзани вести