Skip to main content

Сијарто: Русија и Унгарија постигнаа договор за нуклеарната централа Пакс-2

Русија и Унгарија постигнаа договор за забрзување на имплементацијата на проектот за нуклеарната централа Пакс-2, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој рече дека подготвителните работи за проектот за нуклеарна централа се одвиваат според планот.

По средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан, Сијарто објави на „Фејсбук“ дека „руската страна нè увери дека, доколку се одржи мировниот самит Русија-САД, тој ќе се одржи во Будимпешта“.

Според него, Унгарија е заинтересирана нејзините односи со Русија да бидат засновани на доверба и избалансирани, а денешната средба придонесе за тоа.

Сијарто денес, за време на посетата на Москва, изјави дека Унгарија континуирано стои на страната на мирот речиси четири години, што, како што нагласи, може да се постигне само преку преговори и дипломатија.

Сијарто претходно денес изјави дека во моментов се работи на тоа да се обезбеди непречено одвивање на енергетската соработка меѓу Унгарија и Русија и дека без енергија од Русија, сметките за енергија на унгарските домаќинства би се зголемиле тројно, што, според него, е „неприфатливо“.

Во делегацијата на Унгарците што денес ја посетува Москва, предводена од премиерот Виктор Орбан, се вклучени главниот советник за национална безбедност на премиерот, Марсел Биро, како и унгарскиот министер за градежништво и транспорт Јанош Ласлар и неговиот заменик Надор Чепреги.

Поврзани вести