
Факултетот за музичка уметност – Скопје со гордост го најавува својот годишен концерт, оваа година насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата.
Прославата ќе се одржи во петок, 5ти декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија.
Алма матер на речиси сите истакнати уметници во земјата, регионот и пошироко, Факултетот за музичка уметност – Скопје останува централниот столб на музичкото и балетското образование, создавајќи генерации уметници – изведувачи, педагози и творци, кои го обликуваат и водат уметничкиот живот во Македонија и раководат со најзначајните музички и културни институции.
Концертната програма ќе ја изведат:
• Симфонискиот оркестар на ФМУ;
• Мешаниот хор „Драган Шуплевски“;
• Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“;
• Оркестар од народни инструменти и солисти;
• Студенти од Катедрата за балетска педагогија;
• Студенти од Катедрата за џез и популарна музика;
• Дувачкиот ансамбл на ФМУ,
под диригентските палки на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски
Музичка програма содржи дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, Македонска традиционална музика, како и нови композиции од нашите студенти од одделот за џез и популарна музика, А. Голчева и М. Цветановска.
Ќе ни биде чест и задоволство да ни се придружите на нашата прослава на музиката, уметноста и наследството на институцијата кое продолжува да ја осветлува културната сцена.
Влезот е слободен.

Македонски






