Skip to main content

Американска премиера на „Прикзната за Силјан“ на Тамара Котевска вечерва во Њујорк

Вечерва во легендарниот „Ај-еф-си“ Центарот во Њујорк ќе се одржи американската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan) на Тамара Котевска.

Веднаш по проекцијата ќе следи разговор со публиката на која ќе учествуваат режисерката и продуцентка Котевска и Жан Дакар (кинематографер и продуцент). Ова е можност американските гледачи одблиску да ја чујат приказната директно од авторите за создавањето на филмот и за неверојатниот однос меѓу човекот и штркот кој го инспирираше целиот проект.

Вечерашната американска премиера е моментот кога филмот се среќава со американската публика, критичарите и фестивалските селектори. Се очекува голем интерес и од македонската заедница во Њујорк, која го следи успешниот лет на Силјан, велат од продукцијата.

Филмот ја започна својата светска авантура во Венеција, каде ја освои престижната награда Cinema & Arts Award на Venice Film Festival. Тоа беше првиот силен сигнал дека „Силјан“ ќе го освои вниманието на документарниот свет. Следеа значајни награди и номинации од релевантни филмски фестивали: NY Doc, IDA (International Documentary Awards), Bergen, Cinema Eye Honors, Coronado Island Film Festival Калифорнија и ред други.

„Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a во септември National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци го откупи за прикажување. Според правилата на Американската филмска академија, со оглед дека има американски дистрибутер, „Силјан“ може да се квалификува како кандидат за Оскар и во категоријата Најдобар документарен филм.

Со самото пласирање во двојна оскаровска трка, повторно имаме шанса поради Котевска за двојна номинација за Оскар, додаваат од продукцијата.

Во 2020 година Котевска имаше исто така две номинации за Оскар за првиот документарец „Медена земја“ кој го режираше заедно со Љубомир Стефанов – за најдобар странски филм и за најдобар документарец.

Поврзани вести