
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, утрово изјави дека е тешка ситуацијата околу Нафтената индустрија на Србија (НИС), но според неа – нема причина за паника.
За решението се работи секојдневно…Претседателот Вучиќ ги продолжи разговорите со партнерите во САД и во текот на ноќта – изјави таа за РТС.
Брнабиќ нагласи дека партнерите во САД најверојатно немаат претерано разбирање за ситуацијата во Србија во моментов, дека не покажуваат прекумерна флексибилност, но дека може да го каже истото и за некои други партнери.
Одговарајќи на прашањето дали е тоа руската страна, таа рече дека сите, освен Србија, која е директно вклучена во овој проблем, не покажуваат флексибилност и разбирање.
На некои дури и не им е грижа што ќе се случи во Србија и какви последици би можело тоа да има за нашите граѓани, за нашата економија – рече таа.
Денеска е 47. ден откако е прекината доставата на нафта во Србија преку Јанаф (Јадрански нафтовод).
И никој не го почувствува тоа…Ова, мислам, не би било можно во ниту една земја во светот.
Претседателот Александар Вучиќ ќе се обрати на јавноста денеска во 11 часот и според српски медиуми – се очекува главна тема да биде енергетската ситуација додека се чека американската лиценца за продолжување на работата на НИС, што е дел од пакетот санкции на Министерството за финансии на САД, воведени за рускиот енергетски сектор.

Македонски








