Skip to main content

Злоупотреба на службена должност: Во тек е полициска акција во Скопје и Куманово

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации.

Како што информираат од ЈО, акцијата е поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.

Повеќе информации се очекуваат по завршување на акцијата.

Поврзани вести