Skip to main content
Ќе ја поврзе БиХ со терминал за течен природен гас на хрватскиот остров Крк

САД ја преземаат контролата врз Јужниот интерконектор во Босна и Херцеговина

wolfgang-weiser-on-unsplash

САД имаат намера да играат водечка улога во развојот и управувањето со Јужниот интерконектор, гасоводот што ќе ја поврзе Босна и Херцеговина со терминал за течен природен гас на хрватскиот остров Крк. Амбасадата на САД во Сараево објави дека е постигнат договор за префрлање на проектот на американска компанија.

Приватни инвеститори од САД ќе обезбедат брза изградба на Јужниот интерконектор и пристап до стабилни залихи на американски течен природен гас по конкурентна цена, зајакнувајќи ја енергетската безбедност на Босна и Херцеговина“, соопшти Амбасадата на САД.

Според американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, проектот е од стратешко значење за намалување на „зависноста на регионот од рускиот гас“.

Поврзани вести