Skip to main content
klUHvAkf-tg

Манасиевски: Кацарска сака да им го укине зголемувањето на пензионерите, а бара повисока плата – од СДС молк

Freepik

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денес обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска, позната по судските одлуки за 27 април и брзото назначување на функцијата со поддршка од СДС, поднела иницијатива за укинување на линеарното зголемување од 7.000 денари на пензиите.

Манасиевски тврди дека истовремено Кацарска бара повисока лична плата, која веќе изнесува околу 100.000 денари.

„Додека дел од судиите и обвинителите блиски до структурите на СДС, со доверба од едвај 2%, бараат енормни покачувања до над 6.000 евра, Кацарска по нивна насока бара кратење на пензиите“, изјави Манасиевски.

Тој порача дека токму СДС ја „крахирале економијата и го контаминирале судството“, а сега преку судиски кадри се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите.

„Во нивно време пензионерите добиваа по 150 денари. Денес, додека тие молчат, нивни инфилтрирани кадри во правосудството бараат европски плати, а притоа сакаат да ги скратат пензиите. Чест на исклучоци, но најголемиот дел од овие кадри немаат ниту срам ниту образ“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите.

Од партијата побараа СДС јавно да се огради од иницијативата на Кацарска за укинување на зголемувањето на пензиите.

Поврзани вести