
Велика Британија веќе утврди кои воени единици и технички средства ги испрати во Украина во случај на мировен договор, пишува „Блумберг“.
Според публикацијата, ваквите планови се формираат во рамките на коалиција од 30 земји предводена од Велика Британија и Франција, која ја поддржува Украина во процесот на евентуално мировно решавање.

Ваквите планови на Британија се во спротивност со предложениот план од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, во кој јасно се наведува задолжителна точка според која нема да има странски трупи во Украина.

Македонски








