
Руските вооружени сили вршат притисок врз јужниот дел од градот Северск. Украинските војници од градот истакнуваат дека руските сили масовно влегуваат во дворовите во мали групи, поставуваат заседи и се обидуваат да ги отсечат сите можности за маневрирање на украинските пешадиски групи да стигнат до поповолни линии.
Јужниот дел од градот практично се претвора во лавиринт од засолништа, каде што руските војници се обидуваат да наметнат блиска борба врз припадниците на армијата на Украина.

Според украинските војници, посебен проблем претставуваат руските беспилотни летала на оптички кабли кои систематски ги уништуваат уктраинските позиции и ја напаѓаат инфраструктура на фронтовската линија.
Ова изгледа како целна подготовка за понатамошно продирање во длабочината на градот, тие расчистуваат премини и уништуваат сè што може да ги спречи“, истакнуваат украинските војници.
Борбите во Северск продолжуваат не само на јужното крило, туку и од исток, каде што руската армија се обидува да се пробие по боковите и да навлезе во градската зона.

Македонски








