Skip to main content

Aлбанскиот коалициски партнер во владата го поддржува ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не треба да се брза со уставните измени

Политичка волја, но и политички договор дека кога ќе почне процедурата и ќе заврши, како и сигурност дека нема да има потенцијално бугарско вето се потребни за спроведување на уставните измени. Со вакви пораки вчера излегоа претседателот на Собранието Африм Гаши и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, еден ден по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците, во кое таа меѓу другото потенцира дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и повика на консензус меѓу власта и опозицијата околу заедничките државни интереси.

Собранискиот спикер Гаши, вчера по брифингот со новинарите истакна дека парламентарното мнозинство смета дека се потребни политичка волја и политички договор за тоа кога ќе почне процедурата за уставните измени да биде и спроведена.

-Процедурата за уставни измени е пропишана во Уставот и во Деловникот. Секој кој ги исполнува условите може да покрене иницијатива. Но, ние како парламентарно мнозинство мислиме дека треба да има политичка волја и политички договор за тоа кога ќе почне процедурата да биде спроведена. Знаете дека уставни измени се случуваат кога за тоа гласаат две третини од нашето Собрание и ние кога ќе сме сигурни дека тоа ќе биде прифатено од мнозинството на пратеници во нашето Собрание, тогаш ќе ја почнеме процедурата. Во друг случај, не можеме никому да забраниме, но мислиме дека не е добро да се експериментира со такви постапки, рече Гаши.

Parliament Speaker Afrim Gashi during Thursday’s press briefing, said that interpellation motions submitted against First Deputy PM Izet Mexhiti, Deputy PM and Minister of Community Relations

Прашан дали пропаѓа преизборното ветување на Вреди за уставни измени до Нова година, Гаши одговори дека не се сеќава оти во програмата на Вреди било напишано такво нешто.

-Не се сеќавам дека тоа беше напишано во програмата итн. Секако дека имаше такви изјави. Знаете дека тоа е комплексно прашање и не зависи од еден политички сегмент, треба да гласаат две третини од Собранието. Како што знаете, Коалицијата Вреди и сите нејзини пратеници стојат зад тоа и ако би дошле на дневен ред, ние би ги гласале и денеска. Но, мислиме дека треба заеднички да се договориме кога е тоа најдобро за државата и за сите граѓани. Правиме максимални напори како парламентарно мнозинство да ги донесеме уставните измени кога ќе биде најдобро за нашата држава, кога има политички договор околу тоа и кога ќе бидеме убедени дека имаме предвидливост во процесот. Тоа значи, дека нема да имаме повторно вето за три месеци, за шест месеци итн, рече тој.

Министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани, пак вчера изјави дека сериозно работат на надминување на проблемот со евроинтеграциите, а оти уставни измени ќе има кога ќе бидат сигурни дека нема да има потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајде решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процесот. 

И тој се осврна на предизборната реторика на Вреди и сегашните постапки како дел од Владата, во однос на уставни измени до крајот на годината.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни

– И на македонски јазик имам изјавено дека никогаш не сум велел дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата, рече вчера Муртезани во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Поврзани вести