Skip to main content

Вучиќ и Србија главна тема на претседателката кампања во Србија

  До денеска на полноќ кога почнува дводневниот изборен молк, останува кандидатите за претседател на Хрватска да ги убедат гласачите дека еден од нив е најдобриот избор за следниот петгодишен мандат.
Дводневниот изборен молк пред изборите в недела на 29 декември ќе трае цела сабота и недела до 19 часот или до затворање на избирачките места, од кои 6.755 ќе бидат отворени во Хрватска и во странство.

Осум кандидати учествуваат на осмите претседателски избори од независноста, в недела на 29 декември. Главна тема на кампањата беа протестите во Србија и претседателот Вучиќ.

Тоа се актуелниот претседател и кандидат на СДП и нејзините партнери Зоран Милановиќ, кандидатот на ХДЗ и нејзините партнери Драган Приморац, кандидатот на Мост, Миро Буљ, кандидатот на Можемо! Ивана Кекин, кандидатката на Партијата за дом и национално обединување (ДОМИНО) Бранка Лозо, и независните кандидати Марија Селак Распудиќ, Томислав Јоњиќ и Нико Токиќ Картело.

Додека е на сила молкот, се забранува секаква изборна кампања, објавување проценки за изборните резултати, како и објавување на претходни, неофицијални изборни резултати.

Забрането е и објавување фотографии на кандидати во медиумите, нивни изјави и интервјуа, како и цитирање на нивните изјави или пишани трудови.

Иако не се предвидени казни за прекршителите на претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува кандидатите, партиите што ги поддржуваат и другите правни и физички лица да го почитуваат изборниот молк.

 Официјалната кампања започна на 11 декември, но беше одбележана со трагедијата во основното училиште „Пречко“ и божиќните празници, што ги натера кандидатите да ги прекинат или да ги забават своите активности, јави Хина

Поврзани вести