Skip to main content

Во тек е евакуација на патници од железничката станица „Монпарнас“ во срцето на Париз, погоден е маж во престрелка

Попладнево, француската полиција изврши интервенција на железничката станица „Монпарнас“ во срцето на Париз поради истрели, при што евакуацијата на патниците сè уште трае, според очевидци.

Станицата моментално е целосно затворена, а официјалните причини за акцијата сè уште не се соопштени, пренесува Ројтерс. Францускиот портал Actu извести дека се слушнале истрели на станицата „Монпарнас“ во 15-тиот арондисман.

Еден маж бил погоден со најмалку два куршума, велат неофицијални извори. Утврден е безбедносен кордон, а на лице место пристигнува и возило на итната помош. Според француските медиуми, едно лице во возот од Рен било погодено од полициски оган. Интервенцијата предизвика прекин во железничкиот сообраќај.

Поврзани вести