Skip to main content

Свечена Академија по повод 100 години планинарски клуб Љуботен

Под слоганот „100 години вредности за 100 години иднина“ на 15 ноември 2025 година, во Домот на култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, ќе се одржи Свечената академија по повод 100 години од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“.

Настанот претставува централна прослава на вековното постоење на најстариот планинарски клуб во Македонија, симбол на истрајност, колективен дух и трајна љубов кон планината.

Цел еден век зад нас стојат илјадници чекори, врвови, пријателства и спомени што нè поврзуваат. Сега е време сите заедно да се потсетиме на таа магија и да ја прославиме оваа неверојатна височина – 100 години „Љуботен“! 🥾✨

Во рамки на свечената академија ве очекува:
Интонирање на химната на Република Македонија во изведба на Градскиот мешан хор „Балтепе“
Поздравни обраќања од Претседателката на Републиката, претседателот на ФПСМ, претседателот на ПК Љуботен
Премиерна проекција на дел од документарниот филм – прв што ја раскажува вековната приказна на „Љуботен“
Прогласување на почесни членови и доделување плакети за трајни вредности и соработка
Награди и признанија за активни членови кои ја продолжуваат традицијата
Мултимедијална изложба со ретки фотографии и незаборавни моменти од историјата на клубот
Свечен коктел и пријателско дружење Да се собереме – сите што некогаш сме искачиле врв, споделиле патека или само ја почувствувале магијата на Шара.
Да се потсетиме на нашите почетоци, на луѓето што го создадоа „Љуботен“, и да погледнеме кон иднината – кон нови врвови и нови генерации што ќе го продолжат духот на планинарството, велат организаторите.

Поврзани вести