
Српскиот фудбалски стратег Дејан Станковиќ ја напушти клупата на Спартак Москва, објави денеска рускиот клуб.
Станковиќ и Спартак меѓусебно ја прекинаа соработката, а поранешниот тренер на Црвена Звезда, Сампдорија и Ференцварош го водеше московскиот клуб од летото 2024 година.
Минатата сезона, Станковиќ со Спартак го освои четвртото место во руското првенство.
По 15 одиграни натпревари оваа сезона, Спартак е на шестото место во руското првенство со 25 бодови, осум помалку од водечките Краснодар и ЦСКА од Москва.
Русинот Вадим Романов е назначен привремено решение на тренерската должност

Македонски








