Skip to main content

Поетот Севдаиљ Демири и писателот Ресул Шабани добитниците на државната награда ,,22 Ноември“ за 2025 година

Поетот, публицист и истражувач, проф. д-р Севдаиљ Демири и писателот Ресул Шабани се годинашните добитници на државата награда „22 Ноември“ за 2025 година, објави министерството за култура и туризам.

Државната награда „22 Ноември“ се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември, сабота, во 11 часот, во Собранието на Македонија.

Претседател на Одборот за доделување на наградата е Решат Амети.