Skip to main content

Телефонски разговор Муцунски – Ландау: Потврдена конструктивната и блиска соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска телефонски разговарал со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, при што била потврдена конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.

Остварив телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот ја потврдивме конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата, објави Муцунски на Фејсбук.

Како што информира Муцунски, во разговорот размениле мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.

Ја реафирмирав нашата силна посветеност кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот, нагласи Муцунски. 

Поврзани вести