Skip to main content

Се „закачија“ Фрчко и Стево

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се огласи на социјалните мрежи по изјавата на професорот Љубомир Фрчковски, кој во емисијата „Во Центар“ го прогласи за „мешетар во СДСМ“.

„Изјавата е проблематична минимум на две нивоа. Македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно ангажирање во јавните работи никогаш не сум ‘мешетарел’, за разлика од други чија кариера се базира на задкулисни маневри и кафеанско озборување. Понатаму, најголемиот проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои поради ‘квалитетот’ на изворите со кои се дружат“, напиша Пендаровски.

Фрчковски го изнесе својот став во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, во разговор на тема „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. Иако рече дека нема да зборува за имиња, тој сепак директно го спомена Пендаровски, обвинувајќи го дека постојат „мешетари внатре во СДСМ“.

Поврзани вести