
Синоќешниот дерби дуел им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11.та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз.

Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та минута „црвено-црните“ имаа водство од 31:25. Во тој период одличен на голот кај Вардар беше Васил Гогов со 11 одбрани (8 во вториот дел).

Најефикасни на натпреварот беа Дмитро Хориха кај Вардар и Мартин Серафимов кај Алкалоид со по 9 голови.


Македонски








