Skip to main content

Здружението на преведувачи денеска ја доделува наградата „Вавилон“- највисоко признание за млади книжевни преведувачи

Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 18 часот ќе биде доделена наградата „Вавилон ЗПРМ“ што ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Наградата претставува највисоко признание што го доделува Здружението на млади книжевни преведувачи чија цел е афирмација на книжевниот превод и преведувачката професија во земјата.

ЗПРМ е професионално здружение што го основале десетмина угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори во пред 15 години. Мисијата на Здружението е да воведе професионални стандарди на пазарот во земјава, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

Поврзани вести