Skip to main content

Злато, биткоин, недвижности: Во што е најпаметно да се инвестира во моментов?

Имате пари, но незнаете каде и како да ги инвестирате? Оплодувањето на капиталот е цел која некогаш е тешко да се постигне, ако се направи лош избор на инвестиција. Расте цената на златото, цената на станбениот квадрат, битокинот. Можности има повеќе, но понекогаш е потребно да се добие совет од инвестициски експерти, како би го направиле вистинскиот избор за вложување, во однос на тоа да се избере инвестиција која ќе донесе што поголема добивка.

За да се оцени моментот на инвестирање и да се одбере финансиско средство треба да се анализира макроекономија.
Глобалната макроекономската состојбата е стабилна со умерен раст од од 2.5% САД како водечка економија покажа силен раст ма БДП во вториот квартал од 3.8% но каматните стапки се с еуште на високо ниво од 4% со тенденција да има кратење на каматните стапки. Единствена црна дамка за економската состојба останаа трговските војни со тарифи што ќе имаат последици додека не се консолидира пазарот.

Од другата страна на океанот Кина се мачеше со дефлација и поради тоа централната банка и власт веќе подолго време имаат стимулативни пакети од трилиони долари за подршка на бизнис секторот.
Додека ЕУ е со години во стагнација после ковид кризата и економијата сеуште се мачи да закрепне и како најголеми пречки за раст сеуште се лошата бирократија за приватни бизниси и зелената агенда која за жал сеуште е топ приоритет на ЕУ.
Токму поради овие економски состојби јас уште минатата година предвидов дека ќе се рушат нови рекорди на Американската берза и тоа се случи SP500 индексот порасна на рекордно ниво од 6921 индексни поени додека насдак индексот 23958 индексни поени.
Сметам дека овој тренд Американските берзи ќе продолжи во овој период и со тенденција за нови рекорди на во следната година на берзанските индекси, особено во првиот квартал и почетокот на вториот квартал – прогнозира Дарко Симуновски, крипто експерт, макроекономист и Портфолио менаџер во Лимитлес Фонд Менаџмент друштво за управување со приватни инвестициски фондови.

Според него исплатливо е и инвестирањето во злато, но не накит, туку инвестициско чисто злато, со оглед на тоа дека златото достигнува невиденин височини, а во иднина ќе оди уште нагоре.

Златото веќе имаше рекордна цена 4450 долари по унца пред еден месец како одраз на политиките на централните банки предводени од Кина, Индија, Турција и други со купување на 900 тони злато, геополитички тензии и трговски војни. Моето предвидање е дека цената на златото и понатаму ќе се корегира на краток период од околу 6 месеци пред да продолжи да расте. Јас секогаш сум го фаворизирал златото како докажан хеџ против инфлацијата и сметам за 5- 8 години дека ќе порасне до 10,000 долари за една унца а за растот би придонесло неговата токенизација – вели Симуновски.


Симуновски е крипто експерт кој постојано упатува на големата инвестициска придобивка од вложување во биткоинот.

Што се однесува за Биткоин јас сум единствениот во Македонија што веќе 6 години јавно укажувам за неговата вредност поради неговата уникатност и вредност поради неговите карактеристики кака најсупериорно финансиско средство. Да потсетам дека во почетокот на 2021 предвидов дека може да стигне до 75,000 долари и така бидна, имаше од рекорд од 70,000 долари додека уште во 2022 година кога беше околу 15,000 кажав дека ќе ја помине магичната бројка од 100,000 долари вредност и не само што така бидна дури стигна од 126,000 долари нов рекорд.

Биткоин повеќе не е шпекулативни криптовалута, туку е светски признаено финансиско средство што е дел од резерви на неколку држави, институции, пензиски фондови и многу јавни и приватни корпорации.
Биткоин нема граница до каде ќе оди нагоре, затоа што фиат валутите немаат дно, постојаната инфлација и девалвација се гарантор дека неговата цена ќе продолжи да расте. Очекувам дека може да видиме нов рекорд од околу 135,000 долари до крајот на годината и најверојатно нови рекорди во почетокот на 2026 година – вели Симуновски, кој напоменува дека неговите предвидувања не претставуваат финансиски совет,туку негово видување врз основа на опсежните анализи кои тој ги има направвено.

Што и да се избере за инвестирање, треба прво да се промисли, разгледа, па делува. Сепак во моментов топ три можности за вложување се купување недвижности, инвестициско злато и биткоин, а на крај изборот е на секој кој има вакви дилеми.

Автор: Александрија С. Николовска

Поврзани вести