Skip to main content

Јужнокорејски разузнавачи: Илјадници нови Севернокорејци се приклучиле на руската војска

mike-bravo-on-unsplash

Од септември, приближно 5.000 севернокорејски војници од инженерските единици се префрлени во Русија за „реконструкција на инфраструктурата“, објави јужнокорејскиот пратеник Ли Сонг-геун по брифингот на Националната разузнавачка служба.

Според разузнавачките информации, приближно 10.000 Севернокорејци моментално се наоѓаат во близина на руско-украинската граница, а во тек се подготовки за понатамошно распоредување.

Јужна Кореја проценува дека загубите на Cеверна Кореја се најмалку 600 мртви и неколку илјади ранети.

Аналитичарите веруваат дека во замена за воена помош, Русија му обезбедува на Пјонгјанг пари, храна, енергетски ресурси и воена технологија, дозволувајќи ѝ на Cеверна Кореја да ги заобиколи санкциите на ОН.

Минатата недела, министерот за надворешни работи на Cеверна Кореја, Чое Сон-хуи, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Поврзани вести