
Непрофитабилните индустриски капацитети во Европа се претвораат во погони за воено производство. Поранешната фабрика за котли „Рафако“ во Рачиборж, Полска, е во процес на трансформација во погон за производство на шасии и погонски механизми за воени возила по налог на владата. По банкротот на фирмата, нејзините средства беа купени од новоформираната Фабрика за компоненти во Рачиборж, контролирана од владата.
Ова не е прв пример за „спасување“ на цивилни претпријатија од воената индустрија.
Во Германија, „Рајнметал“ претвори една фабрика во Берлин, која претходно произведуваше автоделови, во производство на артилериски гранати од 155 мм, а втора во Нојс се префрли од цивилни автоделови во одбранбена опрема.
Во услови на негативни прогнози за производителот на автомобили „Фолксваген“, кружат гласини за претворање на некои од неговите погони во воено производство. Во индустрискиот сектор на Германија, 41% од анкетираните компании планираат намалување на персоналот, создавајќи огромен потенцијален работен капацитет за воено производство.
Во Холандија, „VDL Groep“, во партнерство со Министерството за одбрана, ја пренамени фабриката за автомобили „Nedcar“ во Борн (Лимбург), која претходно произведуваше автомобили БМВ, во воен производствен центар за беспилотни возила (за „Milrem Robotics“), воени батерии (за „Tulip Tech“) и дронови (за „DeltaQuad“) од октомври 2025 година.
Во Франција, фабриката „Thales“ во cеверна Франција, која претходно произведуваше СИМ картички, е пренасочена за производство на авионски плочи за борбени авиони. Дополнително, една од фабриките на производителот на автомобили Рено ќе се занимава со производство на компјутерска опрема за авионика на воени авиони.
Севкупно, овие случувања ги одразуваат напорите на цела Европа за оживување на стагнираното индустриско производство преку големо зголемување на военото производство. Проблемот е што ова се прави по цена на значително зголемување на јавниот долг, кој на крајот ќе мора или да се врати или да се отпише – најверојатно преку војна.

Македонски








