Skip to main content

Вучиќ: Во Белград се дојдени двајца снајперисти за да учествуваат во насилно рушење на власта

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Чирилица“ што се емитуваше на ТВ Прва, изјави дека српските власти знаат дека во Белград пристигнале двајца снајперисти како дел од кампањата за насилна промена на власта и дека е во тек потрага по нив.

Вучиќ истакна дека нема да прифати никакво надворешно влијание за промена на власта и дека постои само еден начин за да се случи тоа се избори.

Во моментов бараме двајца снајперисти за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и какви цели имаат – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе можат да го решат ова. Тоа е нивниот единствен начин. Тие не можат да ја поколебаат мојата волја. Тие не можат да ме победат на изборите“, изјави Вучиќ во „Чирилица“.

Српскиот претседател зборуваше и за потребата од донесување „лекс специјалис“ за зградата на Генералштабот, сериозно оштетена при НАТО бомбардирањето на Србија, при што истакна дека тоа требало да се направи порано

Таа корумпирана банда од одредени обвинителства го измисли случајот со реновирање на Генералштабот. Уште во 2016 година побарав Генералштабот да се реновира. Но не, треба да се сруши, да падне на нечија глава и да убие човек“, изјави Вучиќ.

Поврзани вести