Синоќа во 23.50 часот на локалниот пат с.Идризово–клучка кај с.Кадино, скопско, полициски службеници од МЕБПС го лишиле од слобода Д.П.(48) од с.Мралино, скопско.
При вршење на контрола од страна на полициските службеници му било дадено знак за да застане со возилото кое го управувал, но тој не застанал туку продолжил со движење и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.