Skip to main content

Кривична за кумановец кој чувал елени во штала

freepick

Кумановец чувал 2 елена во својата штала во кумановското село Тромеѓа. Полицијата му поднесе кривична пријава.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни и птици. Пријавениот, од непознато место и лице набавил 2 еленa од видот лопатар, кои ги сместил во штала во неговиот двор во селото Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување на таков вид диви животни“, соопшти кумановската полиција.