Skip to main content

Mицкоски за новогодишната кошница: Цените на одредени продукти зголемени и до 25 посто, тоа не е етички,ќе има робусна реакција од институциите

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа не е етичко однесување во пресрет на празниците. Според него, ќе има реакција од институциите, а доколку продолжат, реакцијата ќе биде уште поробусна во периодот што следи.

-На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање од нив, а не наеднаш да се зголемуваат производите. Тоа е нечовечно однесување, истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека имаат и други мерки кои можат да ги преземат за производите да не поскапуваат по започнувањето на мерката „новогодишна кошничка“.

Премиерот вчера апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

Поврзани вести