Американскиот претседател во заминување Џо Бајден потпиша 50 закони, со кои, меѓу другото, белоглавиот орел е прогласен за официјален симбол на земјата, а на членовите на Конгресот им се одзема правото на државна пензија во случај на пресуда за кривично дело.
Во вторникот, Бајден потпиша и закон за борба против насилството и смртта што се случуваат во универзитетските кампуси, како и во институциите за рехабилитација и младинска помош, јавува Ројтерс денес.
На почетокот на овој месец, Бајден стави вето на законот за вработување на 66 нови федерални судии, ги ублажи казните на 37 од 40-те осуденици на смрт во федералните затвори и издаде целосно и безусловно помилување за неговиот син Хантер Бајден.