Skip to main content

Промоција на книгата „Многуимените Други“

„Многуимените Други- Македонија како пресечна точка на Другоста на средновековниот Балкан (Идентитетски Јазли)“ од проф. д-р Стојко Стојков ќе биде промовирана денеска напладне во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите во организација на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија.

Книгата е планирана како прво издание во новата едиција на Комитетот – Мacedonia Byzantinа.

Промотивна реќ за публикацијата ќе одржат претседателот на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија, проф. д-р Тони Филипоски и проф. д-р Александар Атанасовски.

Поврзани вести