В сабота, на 28 декември во 12 часот со кустосот Бојана Јанева во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе се одржи прошетка низ свете новоотворени изложби, во 13 часот ќе има матине дружење со диџеј сет и филмска програма од 16 часот.
Од 12 часот со кустос водичот Бојана Јанева ќе можете да ги погледнете двете новоотворени изложби: Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава, изложба на дела од колекцијата на Музеј на современата уметност – Скопје и дела од современи уметници и Меѓународна изложба „Војна на сетелиата/војна врз сетилата“, уметници: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа и во соработка со Метју Фулет.
Од 13 часот е матиннетот со диџеј сет на Инд Ог, а од 16 часот Прекршено време – филмска Програма во рамките на изложбата „Прекршено време: и светот се пресоздава од тоа што го заборава.