Skip to main content
Бранко Героски

Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?

Некаде во 2020 година, пред воопшто да почнам да пишувам за судскиот процес „Организатори на 27 април“, поточно за случајот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, решив прво добро да ги проучам сите достапни списи и информации за предметот, за прво самиот да пресудам дали кај него можеби има грам вина, или човекот го судат и го малтретираат на правда божја, пишува во својата последна колумна уредникот на „Плусинфо“, Бранко Героски.

Тоа му го кажав на Вељаноски на нашата прва средба. За да се запознаам со деталите на предметот, од него побарав да ги прочитам и обвинението и неговата одбрана. Нашиот договор беше мошне едноставен – ако јас се посомневам дека човекот можеби е жртва на нефер прогон, тој ја презема обврската да ми ги даде на увид списите и записниците од текот на сите судски расправи. И тогаш се посомневав, а и сега сум со впечатокот дека веројатно за овој случај имам прочитано повеќе од судечкиот судија Илија Трпков. Станува збор за сите записници за текот на „спорната“ собраниска седница на 27 април 2017 година, сите записници од сведочењата и од вкрстените испитувања на сведоците и уште мал милион други „папири“.

Поинаку и не можеше да постапи еден новинар, кој во годините на владеењето на СДСМ на Зоран Заев и на неговите инсталати во обвинителствата и во судовите, остана безнадежно осамен во отпорот против сфаќањето на правдата како одмазда, против политиката „че си лежите“ како суштина на „реформите“ во ресорот правосудство, против апсанџиството како политичка филозофија и против сеирот и злорадоста како доминантен дух на македонското „граџанство“ инволвирано во политиката на најбрутален можен начин – преку еден организиран линч на политичките неистомисленици, во медиумите и на социјалните мрежи.

Целата колумна тука

Поврзани вести