Skip to main content

Дрвја паднаа на влезот на основното училиште Киро Глигоров

Две големи дрвја паднаа на улицата Козара во Капиштец. Двете стебла лежат на самата улица пред основното училиште „Киро Глигоров“ која води кон Заводот за физикална медицина и рехабилитација. Во моментов има многу полиција. Се уште нема информација дали има повредени лица. Во моментов сообраќајот во тој дел е тотален хаос. Учениците од ОУ Киро Глигоров пристигнуваат во училиште, автомобили свират, дождот дополнително создава хаос.

Се работи за стари стебла, кои не се исушени. Едно од дрвјата ги има поткренато самите плочи на тротоарот.

Поврзани вести