Skip to main content

Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, освен функционерските

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да го имаат функционерите. Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е тоа исправен чекор иако постои дебата и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и на сите оние кои што не гласале и имаат доверба во нас како Влада- истакна Мицкоски.

Поврзани вести