Skip to main content

Паѓа случајот „Организатори 27 април“- направени битни пропусти, 6 години водена хајка

Јавното обвинителство констатираше дека немало основ за поведување на постапка против танакаречените „организатори 27 април“. Обвнителството утврдило дека биле направени важни пропусти во целата постапка и не биле земени во обзир важни факти и настани.

Инаку веќе 6 години се води постапка за терористичко загрозување на уставниот поредок против двајца поранешни министри Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и претседателот на собранието Трајко Велјановски. Овој процес заврши со осудителна одлука во судот во прв степен. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година. Обвинетите не добија можност да се произнесат ниту да се повикаат на амнестијата која уследи за овој случај.

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски претпреа и физички напад во притвор, додека Европскиот суд за човекови права констатираше повреда на човековите права на обвинетите во овој случај. Обвинувањата беа дека се води жестока политичка хајка против обвинетите и дека со години овој случај политички се злоупотребуваше за политичка хајка.

Овој случај од обвинителство го водеше Вилма Рускоска на која и се препишуваат низа скандалозни одлуки и која беше разрешена од позицијата јавен обвинител токму поради направени пропусти во сосема друг случај.

Поврзани вести