Денес, со почеток во 12:30 часот, во објект- Мала станица, а во организација на Националната Галерија во соработка со Факултетот за ликовни уметности од Скопје, ќе биде отворена изложбата со наслов „Инсекти“ – инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Како и изминативе години, така и оваа, ние како институција креираме креативни проекти каде младите од повеќе скопски училишта, ученици со или без хендикеп работеа заедно, односно создаваа уметност. Во проектот беа вклучени учениците од гимназијата Никола Карев, Јосип Броз Тито- пралелка на меѓународна матура и учениците од училиштето за деца со оштетен слух и говор ДУЦОР Партеније Зографски, единствено од овој тип во нашата држава.
Оваа година како предизвик беше графиката како ликовно подрчје, техника сува игла. Оваа доста атрактивна графичка техника децата имаа ретка и несекојневна можност да научат нешто ново и тоа од тимот професори и асистенти од Факултет за ликовни уметнсти – Скопје – УКИМ. Со нивна асистенција тие прво учеа како со игла се реже цртежот, а потоа графиките да бидат испринтани во амбиентот на самиот факултет. Нивното графичко изразување беше со тема инсекти, што ја показува нивната грижа и интерес кои инсектите и природата воопшто. Последните истражување се многу загрижувачки бидејќи покажуваат многу видови кои се во опаѓање, а како причини има многу, но климатските промени се јавуваат како главен фактор. Оттаму темата која учениците ја работеа беа и оние видови пеперутки или бубачки кои се токму во категорија на исчезнување, а со тоа и подигање на јавната свест за истите и избегнување на поголеми катастрофи. Можеби сите не ги сакаат инсектите, но вистината е доколку тие исчезнат тоа ќе предизвика еколошки хаос и исчезнување на храната за сите живи битија на нашата планета, се вели во објавата од организаторите на овој настан.
На отварањето на изложбата музички настап ќе имаат учениците од гимназијата Никола Карев.