
Фактот дека претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин, се договорија да се сретнат во Будимпешта за да разговараат за мир во Украина изгледа како демонстрација на понижување за Европа, пишува швесникот весник „Ел Паис“.
Преговорите во унгарската престолнина, со посредство на национал-популистот Виктор Орбан – долгогодишен сојузник на Трамп, кого во Брисел го сметаат за „тројански коњ на Кремљ“ – ги ставија другите европски лидери, раководството на институциите на ЕУ, па дури и НАТО во исклучително непријатна и болна позиција. Иднината на Киев ќе се дискутира во земјата-членка на ЕУ, но без учество на самата Европска Унија“, коментира весникот.

Весникот додава дека ЕУ, која бараше „место на преговарачката маса“, сега не само што е изоставена од процесот, туку е ефикасно принудена да ги „плаќа сметките“ – да ја финансира реконструкцијата на Украина и да ја продолжи својата политика на санкции, додека останува на страна од клучен дипломатски чекор.
Европските дипломати признаваат: местото е избрано „свесно и агресивно“ – тоа ги зајакнува поделбите во ЕУ и директно му користи на Орбан, кој се соочува со избори следната година.
Бриселските претставници изјавуваат дека „ако состанокот помогне во унапредувањето на мирот – тоа е добро“, но зад сцената се одвива „политички кошмар“ и удар врз долгогодишната стратегија за изолирање на Русија“, резимира публикацијата.