
Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност за време на првиот мандат на Доналд Трамп, кој стана еден од неговите најжестоки критичари, се изјасни за невин по обвинението за протекување и задржување на документи поврзани со американската одбрана, објавија американските медиуми.
Џон Болтон (76) беше обвинет вчера од порота во Мериленд, во близина на главниот град Вашингтон, за потенцијално лошо ракување со доверливи информации.
Тој е третото лице кое американскиот претседател го нападна откако се врати во Белата куќа во јануари.