Skip to main content

Роналдо е многу блиску до нов Мундијал на 40 години

Португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо, даде свој коментар за нерешениот резултат 2:2 со Унгарија синоќа во Лисабон во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

– Се приближуваме до нашата цел! Напред, Португалија!“ напиша 40-годишникот на социјалните мрежи. 

Роналдо ги постигна двата гола за португалската репрезентација и со 41 погодок е водечки стрелец во Мундијалските квалификации.

Португалија, со 10 бода од четири натпревари, ја предводи Групата Ф, Унгарија е втора со пет бода од четири натпревари

Поврзани вести