Skip to main content

Односот меѓу Меси и Барселона се подобрува

 Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, рече дека неговиот однос со поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси, се подобрува.

-Имавме одличен однос со Лео, кој се затегна кога не можевме да го обновиме неговиот договор… Но, сега повторно се подобрува. Се надеваме дека ќе добие големо почитување што навистина го заслужува, го цитираше Лапорта инсајдерот Фабрицио Романо  на социјалните мрежи.

Аргентинецот играше за Барселона од 2004 до 2021 година, пред да се приклучи на ПСЖ како слободен трансфер. 

Меси за каталонскиот клуб одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и имаше 303 асистенции

Поврзани вести