
„Секоја кампања е можност да поразговараме за она кое што е важно за државата, за граѓаните, но истовремено и да испратиме политички пораки кои се многу важни. Врз основа на тие политички пораки ние ја определуваме траекторијата по која се движи државата и во овој случај вашата општина Демир Хисар“.
Ова на народниот митинг во Демир Хисар го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
-Од друга страна, граѓаните ќе можат да разберат за тоа кои се плановите на Владата, кои се проектите кои ги планира, какви проекти, реформи… На овие избори мора сите да имаме јасна претстава кои се опциите кои ги имаме пред нас. Едната опција е коалицијата која што се здружи на основа на два принципа, првиот е желбата за власт по секоја цена. Без разлика на нивните разлики, желбата за власт и привилегии кои ги уживаа и безмилосно ги користеа, е основна за тие да се здружат. Втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата кој ја предводи СДСМ, а после се редат ДУИ и Левица, рече Мицкоски.
Порача дека Венко, Али и Димче се здружиле поради таа желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.
-Втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Секој кој мисли дека има трета, четврта опција, се лаже. Тоа не постои. Секој глас кој ќе отиде за трета, четврта опција е глас фрлен за бадијала и му служи на оној кој не мисли добро на Македонија, рече Мицкоски.