
На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Демир Хисар се обрати Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на владејачката партија.
Тој од насобраните граѓани ја побара довербата за кандидатот за градоначалник и советничката листа на владејачката партија.
-Локалната и централната власт можат да направат многу, а за Демир Хисар потврдено е дека и во минатото, но и денес ќе направат премногу. Демир Хисар е значаен за регионот и значаен е за ВМРО-ДПМНЕ. Кога ја бараме довербата од вас, ние се водиме од работата или од она што е сработено. И можам да кажам дека за 15 месеци ниту една Влада на Република Македонија, ниту сработила ниту направила повеќе од оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Реализирани се инфраструктурни проекти, реализирани се проекти кои ниту една Влада не можела ни за 10 години да ги реализира, рече Сајкоски.
Тој посочи дека се реализирани проекти плус за пензионерите, образованието, подобрување на квалитетот во администрацијата, плус за здравствените работници.
-Имаме невидена борба против корупцијата и криминалот. Затоа сакам посебен поздрав до претседателот на Владата и Владата кои што за 15 месеци напорна работа направија голем исчекор од апатијата која ја беше зафатила Македонија, истакна Сајкоски.