
Хамас повеќе не е вооружената група чија инвазија на Израел ја предизвика двегодишната војна во Газа, изјави портпарол на израелската армија денеска, откако започна примирјето со палестинското движење.
Хамас не е Хамас од пред две години. Хамас беше поразен секаде каде што се боревме против него – изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин пред новинарите.
Тој го повика палестинското население во Газа да избегнува влегување во областите под контрола на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во енклавата.
Ги повикувам луѓето од Газа да избегнуваат влегување во областите контролирани од ИДФ. „Следете го договорот и осигурајте ја вашата безбедност – додаде тој.
Илјадници раселени Палестинци почнаа да се собираат во своите напуштени домови откако денеска напладне стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на САД и израелските трупи почнаа да се повлекуваат од делови од Газа.