Skip to main content

Сопругатa на Асад поднесе барање за развод

Асма ал Асад, сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, поднела барање за развод и сака да се пресели во Лондон, пренесува „Џерусалим пост“, повикувајќи се на арапски и турски медиуми.

Таа, наводно, веќе поднела барање за развод пред рускиот суд и чека дозвола да се пресели во Велика Британија, откако го изразила своето незадоволство од животот во Москва. Асма има двојно државјанство, британско и сириско, а извесно време живеела со родителите во Лондон. Таа се преселила во Сирија во 2000 година, кога имала 25 години, а потоа се омажила за Асад, јави Би-Би-Си. Својот сопруг го запознала додека студирал во Лондон, а таа работела во ЏП Морган.

Поранешната сириска прва дама моментално се бори и со здравствени проблеми, со оглед на тоа што го победи ракот на дојката во 2019 година, а во мај оваа година ѝ беше дијагностицирана леукемија. Нејзината здравствена состојба не може соодветно да се следи во Москва, пишуваат турските и арапските медиуми.

Турскиот весник „Хабертурк“ објави дека Асма ал Асад сака да ја напушти Москва и да замине во Англија, а за тоа ја има поддршката од нејзината мајка Сахар Отра, која почнала да се консултира со престижна адвокатска канцеларија во Англија.

Поврзани вести