Skip to main content

Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Клиниката за детски болести за случајот со починатото бебе

Вонреден инспекциски надзор денеска врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото седуммесечно бебе, потврди директорот на Инспекторатот во изјава за медиуми, Кирил Лазов.

Во текот на денешниот ден од моја страна беше издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести со сознание за починато седумесечно бебе кое по искажување на актуелниот директор било донесено со тешки оштетувања на повеќе органи. По утврдување на фактичката состојба, во делот на приемот, во делот на пружање на здравствена заштита, како и евидентирање, ние претпоставувам дека во текот на утрешниот ден ќе излеземе со поконкретни податоци, појасни директорот.

Тој рече дека вонредни инспекциски надзори се вршат и на други клиники во рамки на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Поврзани вести