Skip to main content

Во странските центри се лекуваат 18 пациенти повредени од пожарот во Кочани, денеска се враќаат осум од Турција, Бугарија и Словенија

Денеска во Македонија се враќаат осум пациенти повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција, Бугарија и Словенија. Во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти, соопшти Министерството за здравство.


Според Министерството за здравство од осумте пациенти од повредените во трагедијата во Кочани пет се од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија.

Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија, велат од Министеството.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани која работела со фалсификувана лиценца загинаа 62 лица од кои шест деца , а беа повредени 193 лица. Од повредените 117 се лекуваа во странски здравствени центри.

Поврзани вести