Соодветниот внес на витамини може да помогне во спречување на хронични болести, подобрување на физичките и когнитивните перформанси и целокупното здравје, кои заедно придонесуваат за подолг живот, вели д-р Кевин Кук, експерт за долговечност и функција на мозокот во клиниката Авива во Флорида.
Ризикот од хронични болести се зголемува со возраста, а д-р Кук вели дека внесувањето доволно еден витамин по 50-тата година може да биде многу корисно, иако многу луѓе не добиваат доволно од него. Тоа е витаминот Д, за кој д-р Кук вели дека е избор број еден за луѓето над 50 години.
Витаминот Д е клучен за одржување на здравјето на коските, зајакнување на имунитетот и намалување на воспалението. Докажано е дека витаминот Д помага при депресија, го зголемува тестостеронот, здравјето на коските, здравјето на мозокот, го подобрува расположението, тврди докторот.
Дека витаминот Д е важен за луѓето по 50 години не е само мислењето на д-р Кук. Студија од 2023 година потврди дека 20 отсто од средовечните и постарите возрасни лица во САД имале недостаток на витамин Д, што го зголемува ризикот од смрт од други причини.
Студијата од 2022 година, спроведена во Кина со луѓе на возраст од 60 до 113 години, покажа дека луѓето кои немаат дефицит на витамин Д имаат помал ризик од смрт. Разликата беше особено забележлива кај жените.