Алергиските реакции на храна може да бидат многу загрижувачки за родителите, особено кога се јавуваат кај бебe коe сè уште не можe да кажe што чувствува. Секое бебе е различно, а алергијата на храна може да се развие во секое време, дури и ако претходно немало проблеми со тaa одредена храна.
Алергиските реакции не се секогаш сериозни, но во некои случаи може да предизвикаат тешки последици, па затоа е важно да се знае кои се знаците и најсоодветната помош, објави „Кликс“.
Благи симптоми на алергија на храна
Осип или црвени испакнатини на кожата, оток на усните, лицето или очните капаци, црвен осип околу устата, каде што храната доаѓа во допир со кожата, трнење во устата, стомачна болка, повраќање.
Сепак, посериозните алергиски реакции може да доведат до анафилакса, што е ретка, но многу сериозна реакција што бара итна медицинска помош.
Симптоми на анафилакса
Тешкотии со дишењето, оток на јазикот, стегање во грлото, рапав глас, кашлица, губење свест.
При појава на овие симптоми кај бебето, веднаш побарајте лекарска помош или однесете го малечкото во најблиската болница.
Ако Вашето бебе има само блага алергиска реакција, важно е да не се внесува таа храна повторно и да се консултирате со лекар за совет и точна дијагноза. Доколку се потврди дека бебето има алергија на одреден вид на храна, консултирајте се со педијатар за да може правилно да се следи и лекува алергијата.