Skip to main content

Предупредувања за опасни горештини во Германија

Фрипик

Германската метеоролошка служба издаде предупредувања за опасни горештини за јужните и западните делови на Сојузната Република, најавувајќи ги жештините кои ја зафатија Европа.

Се очекува најтопло да биде в среда, со прогнози дека тогаш температурите во Германија ќе достигнат до 39 степени Целзиусови, пренесе ДПА.

Предупредувањата се во сила од ова утро за провинциите Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд-Пфалц и Сар, каде што живата ќе се искачи до 35 степени.

Избегнувајте ги жештините ако е можно, пијте доволно вода и одржувајте ги просториите добро климатизирани, истакнува метеоролошката служба. Екстремните горештини можат да бидат опасни за луѓето и да предизвикаат здравствени проблеми, се додава.

Се очекува високите температури да се задржат и во новата недела, предупреди службата, чие седиште е во градот Офенбах. Во јужните делови на Германија е можно утре живата да се покачи до 35 степени, а во регионите на Алпите и Шварцвалд е многу веројатно да се развијат летни бури.

Од вторник натаму ќе ја почувствуваме жештината навистина многу поопипливо, изјави метеорологот Тобијас Рајнарц. Во првите два дена од јули температурите низ целата земја може да достигнат до 35 степени, а на некои места и до 39, информира тој.

Потоа се очекува топлотниот бран да ослабне и во многу региони да отстапи место на поладно време и невреме.

Поврзани вести