Skip to main content

Постењето од 14 часа дневно нè прави порасполежени, поенергични и помалку гладни

carlos-carlos-alberto-from-pixabay

Постот од 14 часа може да нè направи помалку гладни, поенергични и посреќни, покажува истражување на Кралскиот колеџ во Лондон.

Резултатите од истражувањето откриваат дека ограничувањето на консумацијата на храна во само 10 часа, на пример помеѓу 9 и 19 часот, има позитивен ефект врз расположението, енергијата и гладот.

Истражувачите користеле податоци од волонтери кои со помош на апликацијата „ZOE“ ја бележеле својата здравствена состојба. Учествувале повеќе од 37.000 луѓе кои јаделе нормално една недела, додека во следните две недели од нив било побарано да јадат само во одбраните 10 часа од денот.

Анализата открила дека оние кои постеле 14 часа во текот на денот имале повеќе енергија, биле порасположени и помалку гладни.

Ова е најголемата студија спроведена надвор од строго контролирана средина која покажува дека наизменичното постење може да го подобри здравјето. Возбудливо е да се открие дека не мора да бидеме многу рестриктивни за да видиме позитивни резултати. 10-часовната временска рамка за јадење е толерантна за повеќето луѓе“, вели д-р Сара Бери.

Оваа метода е малку полесна од вообичаениот распоред на часови за ваков тип диети. Приврзаниците на наизменичното постење најчесто се одлучуваат за моделот 16:8, при што се пости 16 часа, додека 8 часа може да се јаде и пие што и да посакате.

Поврзани вести