
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.
Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулати од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност, информираат од АХВ.